Ракомет

Бутел преку младиот Божиновски го декласираше Металург

Бутел со убедлива победа го заврши регуларниот дел од Суперлигата, откако во Автокоманда со високи 23:31 славеше над Металург, во рамки на последниот натпревар од групата Б.

Бутел одлично го отвори натпреварот и го контролираше резултатот, а во самиот финиш од натпреварот го декласираше Металург. Иако поразен, Металург заврши на првото место, додека Бутел во плеј-оф ќе патува како второпласиран од групата Б.

Најдобар кај Бутел беше младиот Марко Божиновски кој постигна десет погодоци, два помалку имаше Милошевски.

извор: Спортска мрежа