Ракомет

Вардар и Голден Арт со победи успешно го отворија турнирот „Марко Божиновски“

Во текот на вчерашниот ден 14.06.2022 со натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Бутел и официјално стартуваше првото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, кој го организира нашата фондација „Марко Божиновски“ и кој е во план традиционално да се одржува секоја година во чест на нашиот прерано починат млад ракометар.

Во првиот натпревар од групата А, екипата на Вардар беше победник против екипата на Бутел, со резултат 37:32 (21:17). Екипите на Војводина и Пролет од групата А ќе ги одиграат своите први натпревари во текот на денешниот ден.

РК Вардар
РК Бутел

Додека во групата Б, натпреварот помеѓу екипите на Голден Арт и Еурофарм Пелистер, заврши со резултат 29:23 (15:12), за екипата на Голден Арт. Во текот на денешниот ден Голден Арт ќе го одигра својот втор натпревар против екипата на Нексе, додека екипата на Голден Арт својот натпревар ќе го одигра против екипата на Алкалоид.

РК Голден Арт
РК Еурофарм Пелистер

Во текот на денешниот ден се предвидени следните натпревари и истите може да се следат во живо на каналот на Ракометната Федерација на Македонија на Youtube:

09:30 Војводина – Бутел
11:00 Пролет – Вардар
17:45 официјално отварање
18:30 Нексе Нашиице – Еурофарм Пелистер
20:00 Алкалоид – Голден Арт

Ве покануваме сите љубители на спортот и сите пријатели на официјалното отворање на турнирот со почеток од 17:45 часот на ден 15.06.2022 во спортскиот центар Марко Божиновски.

Фондацијата Марко Божиновски изразува благодарност до сите екипи кои настапуваат на турнирот и луѓето кои се вклучени во организација на турнирот.

Leave A Comment

Your Comment
All comments are held for moderation.