
За да го сочуваат ликот и делото на својот син, Александра и Ристе Божиновски ја отвараат Фондацијата „Марко Божиновски“, а целта на истата е да помогнат на многу млади луѓе да успеат во спортот. Пред сé на тие кои се таленти, а немаат можности да инвестираат во развој на својата кариера.
Доколку имаш идеја, време за реализација, ведар дух и сакаш да помогнеш за реализација на проектите кои ги планира Фондацијата Марко Божиновски, контактирајте не и оставете ги вашите податоци преку кои ќе може одговорните лица да ве контактираат.
Секоја ваша помош е поддршка кон остварување на сите проекти кои Фондацијата има за цел да ги реализира и помогне каде што е потребно.
+389 71 222 333