Кои сме ние
Нашата веб страна е: https://markobozinovski.org/
Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната markobozinovski и објаснува како Фондацијата Марко Божиновски ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.markobozinovski.org, мобилната верзија на веб сајтот, формата за донација и електронските услуги. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка.
Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.
Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во “Последно обновено”.
Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци. Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:
- Видови на податоци кои ние ги собираме
- Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
- За кои цели Фондација Марко Божиновски ги користи податоците
- Како Фондација Марко Божиновски ги собира податоците
- Безбедност на податоците
- Приватност на трети страни
- Рок на чување на собраните податоци
1. Видови на податоци кои ние ги собираме
Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници — Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:
- Пристапувате или го користите нашиот сајт
- Контактирате преку нашата контакт форма
- Давате податоци за да се вклучите или учествувате во проекти
- Оставате коментари на сајтот
- Ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини
- Донирате средства во фондацијата Марко Божиновски
Лични податоци
Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во активности на веб-страница, како контакт форма, донација, коментари, може да побараме да обезбедите податоци како: име и презиме, е-мејл адреса и телефонски број. Податоците за плаќање не се чуваат на нашиот сервер и се обработуваат преку HTTPS на платежниот процесинг систем на Комерцијална Банка.
Не-лични податоци
Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник, како: URL на страницата, посетени страни, времетраење на посетата, пребарувач, IP адреса, уред, тип и модел на уредот. Тие можат да бидат собрани автоматски преку колачиња и други технологии.
2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
Можете да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која Фондацијата ја има со вас.
Колачиња и други технологии: Можете да управувате со колачињата преку поставките во вашиот пребарувач или Pop Up на www.markobozinovski.org.
3. За кои цели Фондација Марко Божиновски ги користи податоците
- Работење, одржување и подобрување на веб сајтот и услугите
- Олеснување на процесот на донирање
- Одговарање на Ваши барања и прашања
- Анализа и спроведување на истражувања
4. Како Фондација Марко Божиновски ги собира податоците
Податоците се оставени од вас преку контакт форма, донација, коментари или друга интеракција. Собирањето вклучува и користење на колачиња (Cookies) за подобрување на искуството.
5. Безбедност на податоците
Се користи HTTPS протокол и SSL шифрирање. Податоците за плаќање не се чуваат на нашиот сервер и се обработуваат директно преку платежниот систем.
6. Приватност на трети страни
Линковите до други веб-сајтови може да имаат свои политики за приватност. Ние не сме одговорни за практиките на трети страни.
7. Рок на чување на собраните податоци
Податоците се чуваат во согласност со закон и се бришат по 30 дена од денот на поднесено барање за бришење.