Политика за заштита на лични податоци

1. Кои сме ние

Нашата веб страна е : https://markobozinovski.org/

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната markobozinovski и објаснува како Фондацијата Марко Божиновски ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.markobozinovski.org, мобилната верзија на веб сајтот, формата за донација и електронските услуги. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.  

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во “Последно обновено”.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин: 

1. Видови на податоци кои ние ги собираме 

2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци 

3. За кои цели Фондација Марко Божиновски ги користи податоците 

4. Како Фондација Марко Божиновски ги собира податоците  

5. Безбедност на податоците 

6. Приватност на трети страни 

7. Рок на чување на собраните податоци

1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

  • пристапувате или го користите нашиот сајт;
  • контактирате преку нашата контакт форма 
  • давате податоци за да се вклучите или учествувате во проекти;
  • оставате коментари на сајтот;
  • ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини;
  • донирате средства во фондацијата Марко Божиновски;

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример – контакт форма, донација, коментари, може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, е-мејл адреса и телефонски број. Кога ќе донирате, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на Комерцијална Банка . Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. 

НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страната, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies”.

2. ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ 

Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која Фондацијата Марко Божиновски ја има со вас.

Колачиња и други технологии

Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со опцијата “Поставки на колачиња” која се појавува како Pop Up кога го посетувате www.markobozinovski.org. За повеќе информации ве молиме посетете ја “Политиката за колачиња”.

3. ЗА КОИ ЦЕЛИ ФОНДАЦИЈА МАРКО БОЖИНОВСКИ ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ

Ние ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со цел:

  • работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт и услугите кои ги нудиме, како и други програми;
  • да го олесниме начинот на донација на сајтот и процесот на донирање; 
  • да ви одговараме на Ваши барања и прашања;
  • анализа и спроведување на истражувања;

4. КАКО ФОНДАЦИЈА МАРКО БОЖИНОВСКИ ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ

Податоците кои вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб сајтот на markobozinovski.org и непречено да се одвиваат сите активности по донацијата и контакт формата. 

Вие ни ги оставате Вашите податоци кога не контактирате или донирате или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството.

Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитите нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале.

Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие можете да ги промените подесувањата за кои колачиња ќе ги користиме при вашата посета на веб страницата со опцијата “Поставки за колачиња”, за да одбиете зачувување на одредени колачиња. За повеќе информации прочитајте ја целата “Политиката за колачиња”.

5. БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.

Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Комерцијална Банка која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на  Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презимена формата која е претходно прикажана и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани. 

6. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.markobozinovski.org. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица. 

7. РОК НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Податоците за корисниците и купувачите кои се собираат во дефинираните збирки на податоци се чуваат во рок од 30 дена од денот на поднесено барање за бришење на податоците од корисникот.