Водејќи се од визијата на Фондацијата, како еден од проектите да биде и организација на спортски активности и настани за деца и млади, одлучивме во периодот од 14 до 17 Јуни, 2022 година да организираме турнир за ракометари до 18 години на кој ќе учествуваат повеќе младински екипи од 3 различни држави.
Натпреварите ќе се играат по принцип 2х30 минути во две групи, каде што ќе одиграат сите екипи меѓусебен натпревар. Во случај на ист број на поени ќе се применат пропозициите на РФМ. Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на YouTube.
16:00 Натпревар за 7-мо место (А4 – Б4)
17:30 Натпревар за 5-мо место (А3 – Б3)
19:00 Натпревар за 3-мо место (А2 – Б2)
20:30 Натпревар за 1-мо место (А1 – Б1)
22:30 Церемонија на доделување на пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турниот, проследени со мала забава со ди-џеј на теренот на СЦ Марко Божиновски.