Второ издание на турнирот „Марко Божиновски“

May 15, 2023

Второ издание на турнирот „Марко Божиновски“
По успешното прво издание кое се одржа минатата година и учествуваа 2 тима од Хрватска и Србија, овојпат интернационален учесник на турнирот ќе биде шампионот на БиХ во кадетска категорија, заедно со кадетските тимови на македонските суперлигаши!

Во чест и аманет на нашиот Марче, ние како фондација со огромна љубов и посветеност се стремиме вечно да живее неговиот лик и дело, но и да го всадуваме спортскиот дух кој Марче го носеше во себе кај помладите генерации. Ракометот беше негов живот, љубов и животна определба.

Затоа, ве повикуваме и ве очекуваме од 15-17 јуни во спортскиот центар „Марко Божиновски“ да се забавуваме и заедно да ги поддржиме идните ракометни ѕвезди кои ќе не прават горди носејќи го репрезентативниот дрес за неколку години.

За повеќе информации следете не’ на нашите медиуми во следните неколку денови!
Претходна Следна