Проекти

Спортски центар Марко Божиновски

Советот на Општина Аеродром на вчерашната редовна седница донесе и одлука за преименување на спортскиот центар „Ново Лисиче“, кој во иднина ќе го носи името на Марко Божиновски

Божиновски, кој го носеше дресот на суперлигашот Бутел, живееше во населба Аеродром и важеше за голем навивач на МЗТ Скопје, па советниците во Општина Аеродром со овој гест се погрижија споменот на Марко Божиновски да остане вечно, како име на спортскиот центар во населбата Ново Лисиче.