Ракомет

Нексе и Војводина на чекор до финале, Бутел и Алкалоид со победи на третиот ден од турнирот

Со четирите одиграни натпревари на третиот натпреварувачки ден од меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, според резултатите екипите на Нексе и Војводина се на чекор до финалето односно борба за првата позиција на првото издание на меморијалниот турнир.

Во групата А, екипата на Бутел ја совлада екипата на Пролет со резултат од 36:32 (16:16), додека екипата на Војводина со резултат 41:26 (24:11) издвојуваше победа против екипата на Вардар.

Во рамки на гурпата Б, екипата на Нексе Нашице со резултат од 34:30 (18:17) ја победи екипата на Голден Арт, која немаше пораз на првите два натпревари. Екипата на Алкалоид, после поразот од Голден Арт, ја издвојуваше својата прва победа на турнирот против екипата на Еурофарм Пелистер која го доживеа и третиот пораз на турнирот со резултат 31:30 (15:16)

Во текот на денешниот ден на програма се нови 2 натпревари од групната фаза и финалните 4 натпревари односно за пласман за 1, 3, 5 и 7 место и истите може да се следат во живо на каналот на Ракометната Федерација на Македонија на Youtube:

09:00 Војводина – Пролет
10:30 Нексе Нашице – Алкалоид

Финални натпревари

16:00 Натпревар за 7-мо место (А4 – Б4)
17:30 Натпревар за 5-мо место (А3 – Б3)
19:00 Натпревар за 3-мо место (А2 – Б2)
20:30 Натпревар за 1-мо место (А1 – Б1)

22:30 Церемонија на доделување на пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турнир.