Ракомет

Џатевска го замени бројот, сега е 9-ка во чест на прерано починатиот Божиновски Марко, погодокот против БиХ му го посвети

Сениорската и младинската репрезентативка на Македонија, Ивана Џатевска, пикерот на црвено-црниот тим го промени својот долгодишен број на дрес. Од вчера, кога започна ЕХФ Шампионатот во Скопје таа ќе го носи бројот-9. Зад оваа промена се „крие“ емоционална приказна…

Вардаровиот играч симболично го зема бројот-9, во чест на младиот Божиновски Марко, ракометарот на РК Бутел и младински мак.репрезентативец кој го напушти овој свет и замина во вечноста. Со оваа сака да му одаде почест на нејзиниот близок пријател, човекот со кој ја врзуваат убави спомени, едно младо, искрено и чисто дете  кој за жал замина во цветот на младоста од овој свет.

Дефинитивно ова е голем гест на еден  голем борец, воедно вчера при победата 39-28 во воведното коло на шампионатот кој се играше во „Јане Сандански“ , Џатевска постигна погодок за македонската младинска селекција. Таа истиот му го посвети на Божиновски.

Извор: Вардар фанс