Ракомет

РК Нексе Нашице освојувач на првиот меморијален турнир „Марко Божиновски“

На заршниот ден од турнирот се одиграа клучните натпревари кои одлучуваа кој ќе биде шампион на турнирот, а кој ќе ги свои 3-тото, 5-тото и 7-мото место.

Епилогот од натпреварите ни го донесе следното рангирање:

1. РК НЕКСЕ НАШИЦЕ
2. РК ВОЈВОДИНА
3. РК ГОЛДЕН АРТ
4. РК ТИНЕКС ПРОЛЕТ
5. РК ВАРДАР
6. РК АЛКАЛОИД
7. РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
8. РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
Наградата за МВП на турнирот му припадна на играчот на Јосип Колариќ од тимот на РК Нексе Нашице.

Најдобар стрелец на турнирот беше Симо Шиан од тимот на РК Војводина, додека наградата за најдобар голман ја доби Бодин Хркаќ од РК Нексе Нашице.

Во чест на нашиот Марче, доделивме и награда за најдобро лево крило на турнирот, кој заврши во рацете на Филип Бошковски од РК Бутел.

На крај, сакаме да ви се заблагодаривме на сите кои на било каков начин учествувавте на турнирот, започнувајќи од тимовите кои учествуваа, судиите и делегатите кои средствата добиени од турнирот ги донираа во фондацијата „Марко Божиновски“, сите пријатели кои учествуваа во логистиката и организирањето, како и сите iгледачи и љубители на ракометот кои создаваа атмосфера по која турнирот ќе остане запаметен.

Наш аманет ќе остане овој турнир да стане традиција и да претставува престиж во кадетскиот ракомет. Затоа, се гледаме и ве очекуваме и следната година, а дотогаш, следете не’ на социјалните медиуми за нашите активности!

Leave A Comment

Your Comment
All comments are held for moderation.