Dubioza Kolektiv
Uncategorized

Фестивал „Нема Ред“ со Дубиоза Колектив

На 01.09.2022 – петок со почеток од 20:00 часот во СЦ „Марко Божиновски“ – Скопје, ќе се одржи фестивалот со име „Нема ред“ на кој ќе настапи познатата балканска група Дубиоза Колектив.

Екипо, доаѓаме во Скопје на меморијалниот концерт за нашиот брат, син, другар. Го знаевме Марко од неговото раѓање, откога започна со топката, па се до дресот на Македонската репрезентација. Ние постанавме дел од фондацијата Марко Божиновски, а истото го можете и вие. Поддржете и донирајте во фондацијата која ќе ги поддржи талентираните млади спортисти.“ – изјавија од Дубиоза Колектив

Најава за фестивалот

Влезот на фестивалот е бесплатен, воедно и Ве покануваме на добра забава и дружење со Дубиоза Колектив.