Uncategorized, Наредни проекти, Проекти

Да му помогнеме на Алексеј

Алексеј има само 3 години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни последици и смрт.

Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции.

Поради тоа, неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал Улус во Истанбул, но пресадувањето чини 19.000 евра, средства кои моментално семејството на Алексеј ги нема.

Затоа ве замолуваме токму вас, хумани луѓе кои ја поддржувате работата на нашата фондација, уште еднаш заедно да ја покажеме солидарноста на дело и да донираме за да го спасиме животот на нашиот Алексеј!

Донациите ќе се прибираат на сметката на фондацијата, а со собраниот износ ќе се платат сите трошоци кон болницата во Турција. Има повеќе начини за донирање и истите можете да ги најдете на линкот во прилог.

Донирај уште веднаш на:

А1 – 143476
Телеком – 143132

Фондација Марко Божиновски

GoFundMe

Leave A Comment

Your Comment
All comments are held for moderation.