Фондацијата Марко Божиновски со помош за младо момче од Аеродром
Фондацијата Марко Божиновски секогаш излегува во пресрет кога се деца во прашање, за таа цел одвои скромна сума за едно мало момче од Аеродром кое се соочува со една опака болест.
Искрено се надеваме дека почетната дијагноза нема да биде конечна и дека овој наш млад јунак ќе излезе како победник, здрав и прав и дека наредната средба ќе ни биде на сладолед или сокче во некое кафуле низ нашата прекрасна населба.