Војводина, Пролет, Нексе и Голден Арт со победи на вториот ден од турнирот.
Во текот на вчерашниот ден, турнирот беше и официјално отворен со претставуање на екипите и мал говор во чест на нашиот прерано починат другар, син, пријател и ракометар Марко Божиновски.
Вториот ден од турнирот го отворија екипите на Војводина и Бутел, каде што подобра беше екипата од Србија со резултат 30:20 (19:6). Денот продолжи со натпреварот помеѓу екипите на Пролет и Вардар, каде што екипата на Пролет избори победа со пет голови разлика 35:30 (13:13).
Во првиот од двата вечерни термини се сретнаа екипите Нексе и Еурофарм Пелистер, каде што екипата од Хрватска ја оствари својата прва победа на турнирот, а Еурофарм Пелистер го доживеа својот втор пораз со резултат 39:25 (19:13). Во последниот натпревар од вториот ден на турнирот се сретнаа екипите на Голден Арт и Алкалоид, каде што екипата на Голден Арт ја оствари својата втора победа со резулатат 31:23 (14:10) и ќе се бори за првата позиција во групата Б.
Во текот на денешниот ден на програма се нови 4 натпревари и истите може да се следат во живо на каналот на Ракометната Федерација на Македонија на Youtube:
09:30 Нексе Нашице – Голден Арт
11:00 Алкалоид – Еурофарм Пелистер
18:30 Војводина – Вардар
20:00 Пролет – Бутел