Благодарност до Општина Аеродром
Тортата е направена од Lapetit Milfud во знак на благодарност за Општина Аеродром која донесе одлука Спортскиот Центар во Ново Лисиче да го носи името Марко Божиновски.
Неговиот сон за квалитетен спортски дух во Аеродром продолжува. Општина Аеродром го продолжи !
Огромна благодарност од семејството Божиновски до сите кои дадоа свој придонес во остварувањето на неговиот сон, вклучувајќи ги и другарите на Марко кои несебично помагаат да се реновираат, средат и добијат лик и игралиштето и салата.