Ракомет

Бутел се засили со левото крило Марко Божиновски

Новиот суперлигаш Бутел Скопје полека го комплетира играчкиот ростер за првата сезона во елитното друштво. Раководството посакува да игра значајна улога во Суперлигата, а на добар пат се со досега потврдените засилувања да го направат тоа.

Нов играч во составот на тренерот Игор Котевски ќе биде 18-годишното лево крило од Металург 2, Марко Божиновски, кој потекнува од познатата школа во Автокоманда. Заедно со Мирко Мајиќ, ќе бидат дуо на левата крилна позиција.

Освен Мајиќ и Божиновски, претходно Бутел го засилија Бојан Спасовски, Јовица Младеновски, Златко Мојсоски, Милан Жегарац и Богдан Панченко, а се очекува новиот суперлигаш да се засили со уште едно или две нови имиња до стартот на подготовките.

Извор: Гол.мк